Sinan Doğan
09 Септември 2021•Ажурирај: 10 Септември 2021
БОГОТА (АА) - На североисточниот дел на Мексико во бунар се пронајдени безживотни тела на најмалку 20 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Телата се пронајдени во бунар во близина на куќа во градот Омеалка, во мексиканската држава Веракруз.
Властите соопштија дека 20 тела биле извадени од длабочина од 30 метри по извршените прегледи на бунарот.
Започната е истрага за да се утврдат причините за смртта на 20-те лица.