Emre Aytekin
24 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
КАРАКАС (AA) - Откако САД, Канада и некои земји на Јужна Америка го признаа лидерот на опозицијата и претседателот на Националното собрание на Венецуела Хуан Гуаидо како „привремен претседател" на таа земја, Мексико и Боливија му пружија поддршка на претседателот на државата, Николас Мадуро, јавува Anadolu Agency.
Претседателот на Боливија Ево Моралес преку социјалните мрежи порача дека Венецуела се соочува со „империјалистичка агресија" и додаде дека се солидаризира со народот на таа земја и со претседателот Мадуро.
„Јужноамериканските земји веќе нема да бидат дежурен двор на САД", наведе Моралес.
Гласноговорникот на претседателот на Мексико Мануел Лопез Обрадор, истакна дека таа земја и понатаму ќе го смета Мадуро за претседател на Венецуела.
- Војската на Венецуела не го поддржува Хуан Гуаидо
Министерот за национална безбедност на Венецуела, Владимир Падрино, соопшти дека вооружените сили на оваа земја нема да го прифатат за претседател Хуан Гаидо, лидерот на опозицијата и претседателот на Националното собрание на оваа земја.
Падрино во објава во Твитер напиша дека Вооружените сили на Венецуела нема да го поддржат Гуаидо кој се прогласи за „привремен претседател" на државата.
„Ненадежта и биготизмот го напаѓаат мирот на народот, истакна Падрино, додавајќи дека тие како војници на оваа земја нема да го прифатат прогласувањето на Гуаидо како „привремен претседател" на државата.
„Вооружените сили на Венецуела ќе го заштити уставот, и е гарант на националниот суверенитет“, додаде тој.
Од друга страна, САД, Канада, Бразил, Колумбија и Парагвај соопштија дека Гуаидо го признаваат како „привремен претседател" на Венецуела.
Освен тоа, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изрази надеж дека цела Европа ќе им пружи поддршка на демократските сили во Венецуела.
„За разлика од Мадуро, Националното собрание и Хуан Гуаидо ги имаат демократските овластувања кои им ги пружија граѓаните на Венецуела", рече Туск на Твитер,коментирајќи ги последните случувања во таа земја.
Потсетуваме, американскиот претседател Доналд Трамп го призна Гуаидо како „привремен претседател" на таа земја. Ова е најнова одлука во екот на нарушување на односите помеѓу Вашингтон и претседателот на Венецуела Николас Мадуро.
Гуаидо е претседател на Националното собрание кое Мадуро одбива да го признае.
„Во својата улога како единствен легитимен огранок на власта избрана од страна на венецуелскиот народ, Националното собрание се повика на Уставот на земјата да го прогласи Николас Мадуро за нелегитимен, па Кабинетот на претседателството поради тоа е празен“, изјави Трамп објавувајќи ја својата одлука.
Трамп потоа ги повика и другите земји на западната хемисфера да го следат примерот на прогласување на Гуаидо за легитимен лидер на Венецуела.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро потоа соопшти дека ги прекинува дипломатските и политичките односи со САД. Освен тоа, побара од американските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 саати.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна претседателот на Националното собрание на Венецуела и лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за „привремен претседател" на таа земја, Мадуро во обраќањето на приврзаниците во престолнината Каракас порача дека ги прекинува дипломатските и политичките односи со САД
Истакна дека токму САД го организираше пучот против легитимната влада во Венецуела.
На улиците на Каракас се собраа илјадници приврзаницина Мадуро, како и опозицијата во земјата.
Мадуро претходно овој месец положи заклетва за уште еден шестогодишен мандат на чело на Венецуела.
Сепак, Гуаидо, лидерот на опозицијата, повика на одржување на нови избори во земјата.
Бројни извори наведуваат дека на улиците излегоа бројни демонстанти, а според некои извештаи безбедносните сили се обиделе да ги растераат со солзавец. Некои извори наведуваат дека загинал еден демонстрант.