Şerife Çetin
24 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
БРИСЕЛ (AA) - Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изрази надеж дека цела Европа ќе пружи поддршка на демократските сили во Венецуела, јавува Anadolu Agency (AA).
„За разлика од Мадуро, Националното собрание и Хуан Гуаидо ги имаат демократските овластувања кои им ги пружија граѓаните на Венецуела", рече Туск на Твитер, коментирајќи ги последните случувања во таа земја.
Потсетуваме, американскиот претседател Доналд Трамп го призна Гуаидо како „привремен претседател" на таа земја. Ова е најнова одлука во екот на нарушување на односите помеѓу Вашингтон и претседателот на Венецуела Николас Мадуро.
Гуаидо е претседател на Националното собрание кое Мадуро одбива да го признае.
„Во својата улога како единствен легитимен огранок на власта избрана од страна на венецуелскиот народ, Националното собрание се повика на Уставот на земјата да го прогласи Николас Мадуро за нелегитимен, па Кабинетот на претседателството поради тоа е празен“, изјави Трамп објавувајќи ја својата одлука.
Трамп потоа ги повика и другите земји на западната хемисфера да го следат примерот на прогласување на Гуаидо за легитимен лидер на Венецуела.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро потоа соопшти дека ги прекинува дипломатските и политичките односи со САД. Освен тоа, побара од американските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 саати.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна претседателот на Националното собрание на Венецуела и лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за „привремен претседател" на таа земја, Мадуро во обраќањето на приврзаниците во престолнината Каракас порача дека ги прекинува дипломатските и политичките односи со САД.
Истакна дека токму САД го организираше пучот против легитимната влада во Венецуела.
На улиците на Каракас се собраа илјадници приврзаницина Мадуро, како и опозицијата во земјата.
Мадуро претходно овој месец положи заклетва за уште еден шестогодишен мандат на чело на Венецуела.
Сепак, Гуаидо, лидерот на опозицијата, повика на одржување на нови избори во земјата.
Бројни извори наведуваат дека на улиците излегоа бројни демонстанти, а според некои извештаи безбедносните сили се обиделе да ги растераат со солзавец. Некои извори наведуваат дека загинал еден демонстрант.