Sinan Doğan
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
АНКАРА
Во латиноамериканската држава Мексико, пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 334 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Мекиско објави дека во последните 24 часа од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 животот го загубиле 334 лица, со што вкупниот број на починати од новиот тип коронавирус изнесува 5.666.
Во истиот период бројот на детектирани лица позитивни на Ковид-19 изнесува 2.713, а вкупниот број на лица позитивни на тестот на новиот тип коронавирус се искачи на 54.346.
Во Мексико досега оздравеа вкупно 37.325 лица.
Првиот случај на лице позитивно на Ковид-19 во Мексико е детектиран на 28 февруари, додека првиот смртен случај поврзан со вирусот е регистриран на 19 март.