Büşra Selvi Öğütcen
19 Ноември 2021•Ажурирај: 22 Ноември 2021
МЕКСИКО СИТИ
Во мексиканската сојузна држава Закатекас се откриени 10 безживотни тела, од кои 9 биле обесени на надвозник, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Дирекцијата за јавна безбедност во Закатекас, 9 тела биле обесени на надвозник во подрачјето на Куахтемок, додека едно тело било пронајдено покрај патот.
Се истакнува дека десетте тела се на машки лица, но не се дадени детали за идентитетот на жртвите.
Според вестите на локалните медиуми, исто и во понеделникот биле откриени 3 безживотни тела кои биле обесени на мост во Закатекас.
Федералните податоци покажуваат дека во првите девет месеци од оваа година, над 25.000 лица биле жртви на убиства во Мексико.