Evren Aydemir
08 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека Германија не се согласува со одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да го признае Ерусалим како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние ги следиме резолуциите на ОН во овој поглед. Со овие резолуции се предвидуваат и разговорите за статусот на Ерусалим во рамките на преговорите чија цел е воспоставување на две земји. Посакуваме интензивирање на овој процес но во тој контекст не се согласуваме со одлуката која е донесена синоќа“, изјави Меркел за новинарите по состанокот во Берлин со премиерот на либиската Влада на национално единство, Фајез ал Сарај.
На прашањето за одлуката на Трамп за Ерусалим, Меркел одговори дека европските земји можат да вложат потребни напори на Блискиот иссток, додавајќи дека сепак за потполн успех е потребен и ангажманот на САД.
„Европа може таму да преземе одредени иницијативи, но за тоа и е потребен и САД“, изјави германската канцеларка.
Таа додаде и дека Германија сака да ја поддржи Либија во врска со проблемот за илегални миграции.
„Не сакаме Либија да стане играчка на меѓународните интерес“, изјави Меркел.
Ал Сарај исто така ја критикуваше одлуката на американскиот претседател во врска со Ерусалим.
„Го поддржуваме палестинското прашање. Во тој поглед, не смеат да се донесуваат еднострани одлуки. Ваквата одлука претставува закана за мирот во регионот. Истовремено би можела да предизвика и поголеми конфликти и хаос“, изјави АЛ Сарај.
Трамп на синоќешната прес-конференција соопшти дека е време Ерусалим официјално да биде признаен како главен град на Израел. Американскиот претседател во таа пригода кажа дека веќе ѝ дал инструкции на американската администрација да започне со подготовките за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.