Amina Zorniç
29 Февруари 2016•Ажурирај: 01 Март 2016
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Актерот Леонардо ди Каприо е добитник на Оскарот за најдобар актер поради улогата која ја оствари во филмот „Повратник”, додека режисерот на илм Алехандро Инариту исто така е награден со Оскар, со што се вброи во редот на ретките режисери на кои им појде од рака двапати едно по друго да го добијат Оскарот, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако најмногу Оскари доби филмот "Mad Max": Fury Road (Лудиот Макс: Пат на бесот), и тоа во шест категории: за најдобра монтажа, за сценографија, микс на звукот, дизајн на звукот, шминка и фризура како и за најдобра сценографија, за триумф на вечерта сепак се сметаат трите Оскари на "The Revenant", Оскар за најдобра за режија, најдобар актер и најдобра фотографија - Емануел Лубецки. За најдобар филм на крајот на вечерта е прогласен „Spotlight“.
Најдобра актерка е Бри Ларсон за улогата во филмот "Room", додека Оскарот за најдобра споредна женска улога го доби шведската актерка Алиша Викандер за улогата во филмот "The Danish Girl".
Оскар за најдобра машка споредна улога ја доби британскиот актер Марк Рајленс за улогата во филмот „Мост на шпиони”, поминувајќи го Силвестер Сталоне кој до синоќа важеше за фаворит во таа категорија. Оскарот за најдобар анимиран филм го доби “Внатре надвор”, додека филмот "Historia de un oso / Bear story" е прогласен за најдобар краткометражен анимиран филм.
Оскарот за документарен филм го доби биографскиот филм за пејачката Ејми Вајнхаус "Amy", додека во категоријата краткометражен документарен филм е награден "The Girl on the River: The Price of Forgivness". За најдобар краткометражен игран филм е прогласен "Stutterer" од Бенџамин Клири.
Доделувањето на престижните награди на Американската филмска академија Оскар, по 88-ми пат се одржа синоќа во Лос Анџелес. Свеченоста која во живо ја следеа милиони луѓе, започна со гламурозно дефиле на црвениот тепих.
Најголемо внимание на медиумите привлекоа Ди Каприо како и актерката и негова долгогодишна најдобра пријателка Кејт Винслет, кои се појавија заедно на црвениот тепих.
Најемотивен момет на вечерта беше настапот на американската пејачка Лејди Гага која со изведбата на "Til it hapenns to you" расплака многумина во салата. На сцената ѝ се придружија тинејџери со испишани пораки на рацете со цел да се укаже на проблемот на силување во кампусите на американските универзитети.