Ayhan Şimşek
22 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денес истакна дека ќе стори сѐ, со цел повлекувањето на Велика Британија од Европската Унија да се случи пред планираниот тек, јавува Anadolu Agency (AA).
„Можам да ви кажам дека ќе сторам сѐ што е во моја моќ да се постигне договор“, изјави Меркел во Берлин, на обраќањето на собирот по повод Денот на работодавците.
„Излегувањето (на Велика Британија) без одредениот рок би било нешто најлошо, не само за економијата, туку и за состојбата на нашите идни односи“, додаде таа.
Меркел нагласи дека и покрај напредокот постигнат во преговорите за Брегзит, очекувала повеќе дискусии за Договорот за повлекување, особено во Велика Британија.
Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј, минатата недела го одобри Нацрт-договорот постигнат од страна на ЕУ и британските преговарачи, но се соочи со големи критики од нејзината партија и од опозициската Лабористичка партија.
Резервираноста на Шпанија за статусот на Гибралтар беше уште една пречка пред вонредниот Самит за Брегзит в недела.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денес објави дека преговарачите постигнале договор за заедничкиот текст за идните односи на Велика Британија со ЕУ, но тој, исто така, потенцираше дека овој текст сега треба да биде одобрен од страна на лидерите на ЕУ.