Adham Kako
30 Ноември 2018•Ажурирај: 30 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека режимот на Башар ал Асад и Русија во последните 4 години на подрачјето на Деир ез-Зор убиле 241 цивили кои се обидувале да ја минат реката Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).
SNHR подготви извештај за нападите што во периодот од 28 ноември 2014 до 30 октомври 2018 година го изведоа силите на режимот на Асад, коалициските сили против ДЕАШ предводени од САД и Русија во подрачјето на реката Еуфрат, во областа Деир ез-Зор.
Според извештајот, бидејќи се урнати сите мостови во нападите врз Деир ез-Зор, кој се наоѓа на двате страни од реката Еуфрат, локалното население на одредени точки од реката формирала водени премини, каде со сплавови и кајчиња, преминуваат на другиот крај од брегот.
SNHR изработувајќи анализа за водените премини врз основа на објавените слики и изјавите на очевидци, подготви извештај во кој за споменатиот период, под изговор за борба против терористичката организација ДЕАШ, извршени се 31 напад, од кои 15 на силите на режимот, 13 од страна на Русија и 3 од страна на коалициските сили.
Во извештајот се истакнува дека пред бомбардирањата на водените премини, не биле дадени никакви предупредувања за цивилите. Во овие напади животот го загубија вкупно 241 цивил, од кои 98 во нападите од страна на силите на режимот и 143 во нападите од страна на Русија.
Во извештајот, во делот за препораки се упатува апел за заштита на цивилите за време на нападите во граѓанската војна што се уште трае во Сирија. Во исто време е побарана и судска постапка за одговорните.