Islam Uddin
20 Август 2025•Ажурирај: 21 Август 2025
АНКАРА (АА) – Метеор се проби синоќа низ ноќното небо над вулканот Сакураџима во Кагошима, Јапонија, создавајќи спектакуларна глетка и накратко осветлувајќи ја околината, јавува Анадолу.
Феноменот е снимен со камера во живо поставена на покрив во градот, прикажувајќи ја огнената топка како пламти низ небото над вулканот.
Многу жители во регионите Кинки, Кјушу и Шикоку ја снимија глетката на видео и споделија слики на социјалните мрежи.
Казујоши Имамура, научен куратор во Токушима, рече дека таков блесок се појава „еднаш годишно“.
Маеда Тошихиса, директор на Вселенскиот музеј „Сендаи“ во Кагошима, за јавниот радиодифузен сервис НХК изјави дека огнените топки се создаваат кога прав, фрагменти од астероид или други вселенски објекти согоруваат откако ќе влезат во атмосферата на Земјата.
Тој додаде дека можно е да паднале во морето како метеорит.
Експертите велат дека огнените топки се поголеми од вообичаените метеори кои создаваат светла трага кога влегуваат во атмосферата на Земјата со голема брзина.
Полицијата и локалните власти не пријавија повредени или причинета материјална штета во регионот.