İbrahim Hakkı Çetinkaya
11 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
АНКАРА
Надзорниците на Меѓународната агенција за атомска енергија потврдија дека Иран започнал да го произведува метал ураниум, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на оваа Агенција при Обединетите нации (ОН), Рафаел Гроси, во соопштението упатено до земјите членки нагласи дека потврдиле оти Иран започнал со производство на метал ураниум.
Според него, надзорниците на оваа агенција на 8 февруари потврдиле дека во фабриката за производство во Исфихан во Иран е произведен метал ураниум во мало количество од 3,6 грама.
Овој чекор на Иран претставува повторно прекршување на Договорот за нуклеарна програма именуван како „Заеднички сеопфатен акционен план“ (JCPOA), кој е потпишан во 2015 година од страна на Германија, Франција, Велика Британија, Кина, Русија и САД.