Ekipa
06 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ЛЕЗБОС (АА) - Незадоволен со условите во кампот и затворањето на мигрнтската рута кон земјите од Европската унија, мигрант со потекло од Пакистан се обиде да изврши самоубиство во мигрантскиот камп Моира, на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Со Договорот помеѓу Турција и ЕУ во рамките на борбата против нелегалната миграција и криумчарење на луѓе од 4-ти април, мигрантите од грчките острови во Егејското Море се враќаат во Турција, а незадоволните мигранти во кампот Моира на Лезбос веќе втор ден протестираат поради тоа.
Еден незадоволен мигрант од Пакистан во знак на протест се качи на столб од далновод и се обиде да изврши самоубиство. Првин се обидуваше да ги фати жиците а потоа се обиде да се обеси на столбот.
Друг мигрант се качи по него, но незадоволниот Пакистанец се откажа од намерата за самоубиство и прифати помош дури откако на столбот се качи и со него разговараше еден грчки полицаец.
На мигрантот по симнувањето од столбот во помош му притекнаа останатите мигранти.
„Јас не сум животно, туку човек. Не ни дадоа формулари за барање азил. Не отфрлаат, а овде ни е многу лошо. Сакам правда и ги замолувам медиумите да ни помогнат”, изјави незадоволниот Пакистанец по инцидентот.
Во кампот Моира моментално се наоѓаат над 3.000 мигранти, што е за 50 отсто повеќе од капацитетот на тој комплекс. Мигрантите протестираат поради лошите услови во кампот, а неколкумина од нив вчера стапија во штрајк со глад.