Halime Afra Aksoy,Enes Canlı
08 Февруари 2020•Ажурирај: 09 Февруари 2020
ТРИПОЛИ (AA) – Милицијата поврзана со водачот на нелегитимните вооружени сили од истокот на Либија го гаѓаше аеродромот Митинга во главниот град Триполи поради што се запрени летовите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според наводите на Министерството за сообраќај на легитимната Влада на национално единство (ГНА) која ја признаваат Обединетите нации, милицијата аеродромот го гаѓала со ракети. Летовите на аеродромот се запрени.
Милициите лојални на пучистичкиот генерал Калифа Хафтар повеќе пати го имаа за цел аеродромот Митинга, кој е единствената порта на главниот град кон остатокот од светот, поради што со месеци беше затворена.
Од почетокот на април, силите лојални на Хафтар, покренаа воена кампанја на преземање на контролата над Триполи од силите на ГНА. Во судирите на двете страни од тогаш загинаа повеќе од 1.000 луѓе, а околу 5.500 лица се ранети, според податоците на Светската здравствена организација.