Ömer Koparan,Mohamad Misto
20 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
АЗАЗ (АА) - Русија испраќа сириски момчиња од градот Хомс, кој е под контрола на режимот на Асад, на источниот дел на Либија за да се борат во редовите на нелегитимните сили под водство на Калифа Хафтар, а тоа го работат за 1.500 долари месечно, јавува Агенција Анадолија (АА).
Русија, која го поддржува режимот на Асад во Сирија, сега сака да го поддржи Калифа Хафтар на источниот дел на Либија и тоа преку платените војници од Сирија, јавуваат локалните извори.
Во регистрационите центри отворени во Хомс, Русија ги евидентира оние кои ќе се борат во редовите на водачот на нелегитимните сили на источниот дел на Либија за 1.500 долари месечно.
Иран, исто така еден од поддржувачите на режимот на Асад, и пружа логистичка поддршка на Русија во овие активности.
Се наведува дека 600 млади момчиња од северниот дел на Хомс со ирански и руски воени возила, се транспортирани на воениот аеродром „Хама“, од каде што се префрлени во Латакија.
Изворите наведуваат дека претежно се работи за сириски цивили, кои се праќаат во редовите на Хафтар. Однапред им се уплаќаат 500 долари.
Русија и во почетокот на мај регрутираше и во редовите на силите на Хафтар испрати неколку стотици лица.