Yusuf Özcan
22 Август 2019•Ажурирај: 23 Август 2019
ПАРИЗ (АА) - Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, истакнувајќи дека ќе ги променат нивните национални политики за азил и дека ќе го забрзаат процесот на донесување одлуки, наведе дека тие што имаат право на азил ќе останат во земјата, а тие што немаат ќе треба да се вратат во Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пред денешната средба со францускиот претседател, Емануел Макрон, во Париз, во интервју за весникот „Ле Фигаро“ се осврна на важноста за справување со климатските промени во Европа.
Истакнувајќи дека Турција е важен сосед и дека е партнер на НАТО, Мицотакис рече дека со нетрпение ја очекува средбата и соработката со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за решавањето на проблемите како што се миграцијата.
Микотакис, исто така, истакна дека европските политики за азил и договорот од Даблин треба да бидат изменети.
Посочувајќи дека треба да се спроведе заедничка политика за азил во Европската Унија (ЕУ), Мицотакис рече дека ќе ги променат своите национални политики во врска со барањата за азил и ќе го забрзаат процесот на донесување одлуки.
„Тие што добија право за азил ќе може да останат во Грција, тие што не се стекнаа со тоа право, во согласност со договорот меѓу ЕУ и Турција мора да се вратат назад во Турција“, рече Мицотакис.