Tevfik Durul,Yusuf Özcan
15 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
АТИНА (АА) - Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, изјави дека доколку Турција преземе чекори за утврдување на поморските надлежности, Грција е веднаш подготвена за започнување прелиминарни разговори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мицотакис по средбата со Шарл Мишел, претседателот на Советот на Европската Унија, имаше свое обраќање на заедничката прес-конференција.
Потенцирајќи ја важноста на безбедноста во Медитеранот за цела Европа, Мицотакис излезе со тврдење дека во тој контекст, неговата земја е отворена за дијалог.
Подвлекувајќи дека се наоѓааат во „период чувствителен за целиот Медитеран“, Мицотакис во врска со кризата што ја доживуваат со Турција излезе со тврдење дека таа „не претставува закана само за Грција, туку е закана и за геополитичките и стратешките интереси на ЕУ“.
Осврнувајќи се и кон дипломатските патишта за решавање на прашањата со Анкара, Мицотакис го изјави следното: „Кога ќе забележиме конкретни чекори од страна на Турција околу единственото прашање на недоразбирање меѓу нас (утврдување на подрачјата на поморска надлежност), подготвени сме веднаш да започнеме прелиминарни разговори.“
- Бегалска криза во кампот „Мориа“ -
Мицотакис го изрази своето „жалење“ во врска со хуманитарната криза што се случува во бегалскиот камп „Мориа“, на островот Лезбос, и додаде дека по минатонеделниот пожар по кој илјадници бегалци останаа без кров на главите, ќе започнат со реконструкција на кампот.
Зборувајќи дека во подрачјето ќе биде изграден нов камп, што ќе служи во соработката меѓу Грција и ЕУ, Мицотакис потенцираше дека ЕУ треба да утврди нова политика за бегалците.
Претседателот на Советот на ЕУ, Шарлс Мишел, истакна дека миграциите не се проблем само на неколку земји од Европа, туку станува збор за проблем на ЕУ.
Зборувајќи дека по ова прашање е потребно изнаоѓање на ефикасно решение, Мишел подвлече дека од големо значење е и спречувањето на нелегалните миграции.
Потенцирајќи дека ќе го посети островот Лезбос, Мишел продолжи со зборовите: „Европската Унија ќе ви ја даде (на Грција) потребната поддршка според вашите приоритети во врска со островот Лезбос, наспроти ситуацијата со која се соочувате и се соочуваме.“
- Самит на лидерите на ЕУ -
Мишел истакна дека на Самитот на лидерите на Европската Унија (ЕУ), што ќе се одржи од 24 до 25 септември, ќе стане збор за состојбата во Источен Медитеран и односите ЕУ - Турција, истакнувајќи дека треба да се почитува суверенитетот на земјите од ЕУ.
Мишел изјави дека се солидаризираат со Грција и администрацијата на кипарските Грци по прашањето за Источен Медитеран.