Yusuf Hatip
08 Ноември 2018•Ажурирај: 09 Ноември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, во Брисел се состана со министерот за надворешни работи на Палестина, Ријад ал Малики, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот за надворешни работи на Европската комисија е соопштено дека Могерини и Малки разговарале за израелско-палестинското прашање и дводржавното решение.
Могерини во таа прилика укажала дека дводржавното решение е единствен пат за завршување на израелско-палестинското прашање, а на средбата станало збор и за ситуацијата во Газа.
Малики во текот на денот се состана и со министерот за надворешни работи на Белгија, Дидие Рендерс.