Furkan Abdula
26 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
СКОПЈЕ
Министерот за земјоделство и шумарство на Турција, Бекир Пакдемирли, во рамки на посетата на Северна Македонија, се прошета низ Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пакдемирли и неговата делегација, во чии рамки беа главниот советник во турското Претседателство, Сабри Демир и турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, прошетката ја започна на Плоштадот „Македонија“, а потоа продолжија кон Камениот мост, каде што се фотографираа пред михработ што се наоѓа на мостот.
Турскиот министер потоа замина во старата Скопска чаршија, каде што разговараше со еснафот на чаршијата, како и со граѓаните, кои упатија честитки по повод роденденот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во овие рамки, Пакдемирли ги посети Куршумли Ан, Мустафа-пашината џамија, Сули ан, турбето на Јигит паша, како и Џамијата „Султан Мурат“.
Пакдемирли петочната молитва ја клањаше во Џамијата „Мурат-паша“ во Скопската чаршија, каде што имаше и обраќање пред верниците.
Во текот на денот Пакдемирли ќе се состане и со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, Арјанит Хоџа.