Yusuf Hatip
05 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, во врска со заканата на Соединетите Американски Држави (САД) за повлекување од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF) во рок од 60 дена, истакна дека не сакаат Европа повторно да биде бојно поле на глобалните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини даде изјава за медиумите пред почетокот на сесиите на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.
„Договорот за нуклеарни сили од среден дострел веќе 30 години го осигурува мирот и безбедноста на територијата на Европа. Треба целосно да се спроведува. Ние ќе направиме сè за да се заштити овој договор“, нагласи Могерини.
„Не сакаме Европа да биде бојно поле на глобалните сили, како што беше во периодот на Студената војна“, додаде таа.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео, вчера на Состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО истакна дека на Русија ѝ дале рок од 60 дена за да ги исполни своите обврски кои произлегуваат од Договорот.
„Нема веќе смисла САД да останат во Договорот“, рече Помпео.