Şerife Çetin
12 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка на ЕУ за надворешни односи и безбедносна политика, Федерика Могерини, изјави дека во Брисел внимателно се следат случувањата во покраината Аракан во Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Внимателно ги следам драматичните случувања на границата меѓу Аракан и Бангладеш“, порача Могерини преку пишано соопштение.
Таа нагласи дека челниците на ЕУ се во постојан контакт со официјалните лице на Владата на Мјанмар.
Додаде дека кон челниците на Мјанмар веќе минатата недела изразиле загриженост поради последните случувања во тој регион.
Таа истакна дека моментално приоритет претставува доставувањето хуманитарна помош во регионот.
„Потребно е да се применат предлозите наведени во извештајот, чија подготовка ја надгледуваше поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, и да се реши проблемот од корен“, порача Могерини.
На крајот нагласи дека во разговорите кои ги водела претходните денови дознала дека оваа недела ќе бидат преземени конкретни чекори за проблемот да биде решен.
Таа додаде дека ЕУ додатно ќе ја интензивира хуманитарната помош во тој регион.
Од друга страна високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид бин Раад Зеид ал-Хусеин, изјави дека состојбата во Аракан е „школски пример за етничко чистење“.
Хусеин во седиштето на ОН во Женева потсети дека податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) покажуваат дека во изминатите три недели 310.000 аракански муслимани побарале засолниште во Бангладеш.
Во нападите кои мјанмарската војска ги спроведува во Аракан од 25 август, под изговор борба против вооружените милитанти, настрадаа илјадници муслимани. Мјанмарската администрација не дозволува влез ниту излез од тоа подрачје, поради што е невозможно да се утврди точниот број на настрадани лица.
Будистичките националисти и војската во нападите запалија повеќе од 150 села. Десетици илјади аракански муслимани и понатаму се обидуваат да побегнат од тоа подрачје. Цивилите кои го напуштаат Мјанмар преку планинските предели, реката Наф или преку морето преминуваат во Бангладеш.