Tufan Aktaş
26 Април 2019•Ажурирај: 28 Април 2019
АДИС АБЕБА (АА) - Мозамбик, кој се наоѓа во југоисточна Африка, неколку недели по ураганот Идаи во којшто животот го загубија 600 луѓе, повторно се наоѓа под влијание на нов ураган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата на Обединетите нации (ОН), ураганот Кенет, кој започна минатата ноќ и уби тројца луѓе на островите Комори, почна да влијае врз Мозамбик.
Ураганот се очекува да ја погоди и Танзанија. Поради ураганот, Владата на Мозамбик евакуираше околу 30.000 луѓе.
Брзината на ураганот која изнесува 200 километри на час се очекува да влијае на 1,5 милиони луѓе во регионот.
Минатиот месец повеќе од 600 лица загинаа, а 1.600 беа повредени во Мозамбик, кој беше погоден од ураганот Идаи и поплавите што следуваа.
По епидемијата на колера во земјата беше соопштено дека луѓето се соочуваат со опасност од глад.