Ömer Kılıç
28 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Во близина на границата помеѓу јужноафриканските држави Мозамбик и Зимбабве се урна авион. Во авионската несреќа животот го загубија 6 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објвени во локалните медиуми, во авионот кој летал на релацијата од пристанишниот град Беира во Мозамбик, до Хараре, главниот град на Зимбабве, се превезувале четворица патници и двајца членови на екипажот.
Началникот на полицијата на Мозамбик, Гелиндо Вумбуџа, соопшти дека несреќата се случила во планинско подрачје близу границата на Мозамбик. „Претпоставуваме дека до несреќата дошло поради густата магла, поради која авионот удрил во планината“, изјави началникот Вумбуџа.
Во несреќата, животите ги загубија шест лица, а нивните тела со хеликоптер се префрлени во болницата „Мурате“ во Зимбабве.