Mustafa Deveci
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската разузнавачка служба Мосад тврди дека Иран стои зад нападот извршен минатиот месец врз двата танкера за нафта во Оманскиот Залив, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на Мосад, Јоси Коен, во своето обраќање на конференцијата организирана во израелскиот град Херцлија ја нападна администрацијата на Техеран.
Коен тврди дека според информациите што ги поседува Мосад, како и некои странски разузнавачки служби, зад нападот извршен на 13 јуни врз двата танкера за нафта во Оманскиот Залив стои Иран.
„Со овие напади, Иран до светот сака да испрати порака дека ќе нанесе сериозна штета врз пазарот за нафта во светот во случај да не се укинат или да нема олеснување на санкциите против Техеран“, рече тој.
На 13 јуни се случија експлозии во два големи танкера за нафта во Оманскиот Залив, а САД тврдеа дека Иран стои зад тоа.
Администрацијата на Техеран ги негираше тврдењата на Вашингтон.