Dmitri Chirciu
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
МОСКВА (АА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека официјална Москва се противи на секаков вид унилатерални санкции, трговски војни и на сите облици на уцени и притисоци, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров во Москва се обрати пред учесниците на 2. Форум за развој на парламентаризмот и истакна дека во светот се водат голем број судири, а дека парламентарната дипломатија придонесува за јакнење на довербата меѓу државите и за решавање на меѓународните проблеми.
„Организирањето и поддржувањето на нападите на уставите се неприфатливи. Таквите појави ги осудуваат голем број држави и резолуции на ОН. Ги отфрламе сите видови уцени и притисоци, вклучувајќи го и унилатералното наметнување санкции и трговски војни“, порача Лавров.
Паралелно со тоа, претседателот на Думата, Долниот дом на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин, изјави дека националните парламенти треба заеднички да вложуваат напори за решавање на кризите на Блискиот Исток и во северниот дел на Африка.
„Потребно е да се заштити меѓународното право. Наметнувањето на сопствената демократија врз другите земји од страна на Соединетоте Американски Држави (САД) може да го загрози меѓународното право и да предизвика шокантни последици на политичката сцена“, изјави Володин.
Пред учесниците на Форумот во Москва се обрати и челничката на Советот на Руската Федерација, Горниот дом на рускиот Парламент, Валентина Матвиенко, која нагласи дека парламентаризмот е најголем успех на светската цивилизација.
Таа изјави дека парламентаризмот придонесува за развој на позитивни односи меѓу државите во светот, кој е соочен со голем број проблеми и предизвици.
„За воспоставувањето на меѓународна безбедност е неопходно да се развијат нови пристапи кон парламентаризмот и да се воспостави согласност меѓу етничките заедници“, порача Матвиенко.