Hakan Ceyhan Aydoğan,Emre Gürkan Abay
11 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
МОСКВА (AA) - Anadolu Agency (AA) и руската новинска агенција ТАСС денеска во Москва потпишаа Договор за соработка.
Потпишувањето на договорот е приредено по состанокот на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин и по состанокот на Советот за турско-руска соработка во Москва.
Договорот за соработка, во присуство на лидерите на двете земји го потпишаа претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на АА Шенол Казанџи и генералниот директор на ТАСС Сергеј Микаилов.
Целта на договорот е размена на искуства на двете новински агенции за да се обезбеди проток на точни и поверливи вести помеѓу двете земји.
Со договорот е договорена размената на вести и фотографии помеѓу АА и ТАСС, а руската новинска агенција исто така ќе има можност да учествува и во цертифицираната програма на обуката од областа на военото новинарство кое го организира Anadolu Agency.