Ekipa
11 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Вториот од 100 Ербас авиони кои ги купи Иран, пристигнаa во главниот град Техеран, објави иранската државна телевизија, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот на компанијата Иран Ер А330 слета денес, по летот од францускиот Тулуз, каде што е седиштето на европскиот конзорциум. Првиот авион е преземен во јануари.
Компанијата Иран Ер во декември договори испорака на 100 авиони за 18 милијарди долари.
Националната авиокомпанија, исто така договори испорака на 80 авиони од американскиот производител Боинг.
Повеќето ирански авиони беа купени пред Исламската револуција во 1979 година.
Во јуни минатата година, само 162 од 250 комерцијални авиони беа во употреба. Другите беа приземјени поради недостаток на резервни делови.