Emre Gürkan Abay
18 Јануари 2018•Ажурирај: 19 Јануари 2018
МОСКВА (АА) - Началникот на Генералштабот на турската војска, генерал Хулуси Акар, и шефот на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ), Хакан Фидан во рамките на посетата во Москва се сретнаа со рускиот Министер за одбрана, Сергеј Шојгу, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Русија се наведува дека Акар и Фидан се состанале со Шојгу во Москва, и се вели дека средбата поминала во една контруктивна атмосфера.
„Покрај за последните случувања на Блискиот Исток, беше разговарано и за некои заеднички прашања“, се нагласува во соопштението.
Од друга страна, од турскиот Генералштаб беше најавено дека главната тема на состаноците ќе биде регионалната безбедност со фокус врз развојот на настаните во Сирија и мировните процеси што се случуваат во Астана и Женева. Беше истакнато дека Акар и Фидан ќе се сретнат и со началникот на Генералштабот на Руската армија, Валери Герасимов.