Mehmet Nuri Uçar
06 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
МОСУЛ (АА) - Припадниците на терористичката организација ДЕАШ поставија експлозивна направа во куќа во ирачкиот град Мосул и притоа убија девет члена од едно семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
Садам Џелал ел-Бекри од ирачката војска за АА изјави дека припадниците на ДЕАШ поставиле експлозивна направа во куќа на подрачјето Ал Џаде. Загинаа девет членови од семејството.
Бекри истакна дека екипите на цивилната заштита на терен извлекувале тела под урнатините.
Терористите на ДЕАШ во јуни 2014 година го окупираа Мосул, а водачот на групата Ебу Бекр ал-Багдади во Големата џамија, во центарот на Мосул, прогласи основање на таканаречениот калифат на ДЕАШ.
По тримесечни операции, здружените ирачки сили со поддршка на меѓународната коалиција во јануари оваа година го ослободија источниот дел на Мосул, а на 19 февруари е покрената акција за ослободување на центарот на градот кој се наоѓа на западниот брег на реката Тигар.