Erbil Başay
03 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
БЕРЛИН (АА) – Генералниот Секретар на НАТО, Јeнс Столтенберг, истакна дека Студената војна е минато и истата треба да остане во минатото, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наведеното во изјавата за германскиот весник “Bild am Sonntag“, Столтенберг смета дека претстојниот НАТО Самит, кој треба да се одржи наредната недела во полскиот главен град, Варшава, од безбедносен аспект, наидува на еден мошне битен период.
"Светот се соочува со голем број на кризи и непредвидливи безбедносни закани, вклучувајќи ja и една Русија која е подготвена за употреба и на сила за промена на границите", истакна Столтенберг.
Истакнувајќи дека НАТО нема намера да влезе во конфликт со Русија, Столтеберг додаде „Студената Војна е минато и истата треба да остане во минатото”.
Столтенберг, ги посочи судирите и конфузијата кои траат на Средниот Исток и северниот дел на Африка, како главни заканувачки фактори , кои го отвораат патот на тероризмот и протерувањето на народот од сопствените земји.