Mahmut Geldi
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
БЕЈРУТ (АА) - Во пристаништето во либанскиот главен град Бејрут, каде на 4 август се случи силна експлозија, се пронајдени уште две безживотни тела, со што вкупната бројка на починати во експлозијата се зголеми на 179 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на либанската Војска, за време на операциите за пребарување и спасување на пристаништето во Бејрут, каде што се случи големата катастрофа, се пронајдени уште две безживотни тела.
Во соопштението се вели дека продолжуваат операциите за пребарување и наоѓање на лицата кои сè уште се водат како исчезнати.
Со тоа, вкупниот број на починати во експлозијата во Бејрут порасна на 179, додека повредени се над 6.000 лица.
Од друга страна, началникот на Генералштабот на либанската Војска, генерал Џозеп Авн, соопшти дека во експлозијата загинале 8 војници, додека над 300 се повредени.