Ayşe Doğru
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
МАНИЛА
На Филипини, во близина на еден туристички центар, се урна мал авион во кој имало 8 лица. Се дознава дека нема преживеани во авионската несреќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на полицијата соопштија дека во одморалиште сместено во селото Пансон, место недалеку од Лагуна, во јужниот дел на Филипини, се урнал авион кој предизвикал пожар.
Полицијата информираше дека во несреќата животот го загубиле 8 лица што се наоѓале во авионот, додавајќи дека уште 2 лица се наоѓаат на болничко лекување, кои се повредени на местото на кое паднал авионот.
Портпаролот на Администрацијата за Цивилно воздухопловство нa Филипини, Eрик Аполонио, информираше дека авионот пренесувал пациент од градот Диполог, додавајќи дека авионот се изгубил од радарот над градот Лагуна.
Портпаролот изјави дека во авионот се наоѓале двајца пилоти, 1 доктор, 3 медицински сестри, еден пациент и еден цивил.
На видеоснимките споделени на интернет се забележува оган и црн дим од местото на кое паднал авионот.