Muhammet Nusret Altun
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Се тврди дека Армијата на Соединетите Американски Држави (САД), како одговор на собореното беспилотно летало, изршила кибернапад врз воениот систем на Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Две официјални лица на САД, чиј идентитет не се открива, за „Асошиејтед прес“ (Associated Press AP) изјавиле дека кибернападот врз Иран е спроведен со одобрение на претседателот Доналд Трамп, како одговор на собореното американско беспилотно летало.
Трет официјален претставник го потврди нападот.
Американски официјални претставници соопштија дека цел на нападот биле компјутерските системи за контрола на ракетите и проектилите на единиците на Иранската револуционерна гарда.
Во соопштението се истакнува дека планот за кибернападот е подготвен по нападот врз двата танкера со нафта во Ормутскиот Теснец и се додава дека таквиот напад е спроведен со цел Трамп да се откаже од идејата за воена интервенција врз Иран.
- Собореното беспилотно летало -
Иранската раволуционерна гарда изминатиот четврток информираше дека во Оманскиот Залив, во близина на брегот на Кухмубарек, во иранската покраина Хормозган, со проектил земја-воздух соборила беспилотно летало на американските воздухопловни сили „RQ-4 Global Hawk“, поради „нарушување на воздушниот простор на Иран“.
Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM) се бранеше дека е соборено беспилотно летало на САД додека летало над Ормутскиот Теснец, кој претставува меѓународен воздушен простор.
По ова, по итна постапка во Белата куќа се одржал состанок за вонредни ситуации, на кој станало збор за воена одмазда кон Иран, но во последен момент, американскиот претседател Трамп се премислил од таквата идеја, соопштувајќи дека во таков случај „би загинале премногу луѓе“.