Mustafa Melih Ahıshalı
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Градоначалникот на Техеран, Пируз Хеначи, истакна дека во Иран, 409 илјади од вкупно 9 милиони деца на возраст од 10 до 17 години, работно се ангажирани поради сиромаштијата во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според иранската официјална новинска агенција ИРНА, градоначалникот Хеначи, говорејќи на конференцијата за борба против злоупотреба на детскиот труд одржан во главниот град Техаран, истакна: „Според податоците на Министерството за труд, 409 илјади од вкупно 9 милиони деца на возраст меѓу 10 и 17 години работат поради сиромаштијата на нивните семејства.“
Истакнувајќи дека децата во Иран најмногу работат на улиците продавајќи цвеќиња, вода и собирајќи пластични отпадоци, градоначалникот Хеначи рече дека за да се реши проблемот, потребно е да се подобрат економските услови во земјата.