Seyit Aydoğan
26 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
ОТАВА (АА) - Сто и четири дипломати во последните две години побарале азил во Канада, се вели во извештајот на Министерството за надворешни работи на Канада објавен согласно Законот за пристап до информации, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според овој извештај објавен на канадскиот официјален емитувач CBC („Си-би-си“), 104 акредитирани странски претставници во период од март 2016 до април 2018 година поднеле барање за заштита за нив и за членовите на нивните семејства, како бегалци.
Во извештајот се зачувани како тајна информациите околу државјанството на овие дипломати.
Генералната директорка на канадскиот Совет за мигранти, Џенет Денч, во врска со овој извештај рече дека најголемите фактори поради кои дипломатите поднесле барања за азил се режимот или промената на политичката власт во нивната земја.
Денч нагласи дека некои од дипломатите за кои станува збор, како изговор за нивното барање за азил ја прикажале смртната казна во нивната земја поради сексуалната ориентација. „Една личност припадник на ЛГБТ, која ја крие својата ориентација поради стравот од смрт или казна, може да побара статус на бегалец со цел на слободен начин да живее во Канада“, додаде таа.
Џенет Денч истакна дека лицата кои имаат статус на дипломат, можат да бараат статус на бегалец поради помалку легитимни причини, или поради желбата за избегнување гонење поради прекршување на човековите права или други грешки.
Од друга страна, портпаролката на Министерството за државјанство и миграција на Канада, Беатрис Фенелон, во врска со ова прашање рече: „Според законите, секој има право да побара азил во Канада под услов тоа да биде прописно. Но, никому не му се дава ниту една гаранција околу тоа дека на крајот на овој процес ќе му се даде дозвола на еден мигрант да престојува во Канада“.