Ekipa
26 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт департмент, коментирајќи ги изборите во Турција кои се одржаа во неделата, соопшти дека ја почитува одлуката на турските гласачи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Очекуваме конструктивни односи со претседателот Ердоган во моментите кога се соочуваме со заеднички предизвици. Ги повикуваме сите избрани претставници на Турција, вклучувајќи го и претседателот Ердоган, да ги претставуваат различните мислења на сите турски граѓани и додатно да ја развиваат демократијата во земјата“, порачаа од Стејт департментот, на прашањето на АА.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, исто така, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има намера да разговара со турскиот претседател Ердоган за да му честита за победата на изборите.
Во Турција беа одржани предвремени претседателски и парламентарни избори. Според прелиминарните резултати по пребројувањето на над 99 отсто од гласовите, победи актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган со 52,6 отсто освоени гласови.
Народната алијанса, која ја сочинуваат АК Партијата и Партијата на национално движење (MHP), води со 53,6 отсто од гласовите во трката за нов состав на турскиот Парламент.