свет

Над 1.000 лекари и медицински сестри убиени во израелските напади во Газа

„Над 310 лица друг медицински персонал се уапсени, измачувани и егзекутирани во затворите“

Ikrame Imane Kouachi  | 24.11.2024 - Обновена : 25.11.2024
Над 1.000 лекари и медицински сестри убиени во израелските напади во Газа

ГАЗА (АА) - Над 1.000 лекари и медицински сестри се убиени во израелските напади во Појасот Газа од првата година на израелската воена офанзива, соопштија денес локалните власти во Газа, јавува Анадолу.

„Над 310 лица друг медицински персонал се уапсени, измачувани и егзекутирани во затворите“, се вели во соопштението на владината канцеларија за медиуми на Газа.

„Израелската армија, исто така, спречи влез на медицински материјали, здравствени делегации и стотици хирурзи во Газа“, се додава.

Канцеларијата за медиуми ја обвини израелската армија дека систематски врши напади на болниците како дел од планот за уништување на здравствениот систем во Газа.

„Болниците се декларирана цел на израелската армија, која ги бомбардира, врши опсада и упад во нив, убивајќи лекари и медицински сестри, повредувајќи други лица со нивно директно таргетирање“, се вели од Канцеларијата за медиуми.

Директорот на болницата „Камал Адван“, Хусам Абу Сафија, беше повреден вчера во израелски воздушен напад врз објектот и неговата околина во северниот дел на Газа.

Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа по нападот на Хамас во октомври минатата година, во која досега убиени се над 44.200 луѓе, повеќето жени и деца, а повредени се над 104.500.

Втората година од геноцидот во Газа наиде на зголемена меѓународна осуда, а нападите и блокирањето на испораката на хуманитарна помош се означени како намерен обид за уништување на населението.

Во четвртокот, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата брутална војна во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.