Elena Teslova
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
МОСКВА
„Над 1.000 лица се притворени во неовластените протести во Москва овој викенд“, се вели од руското Министерство за внатрешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите во Москва започнаа вчера кај градската администрација во Москва, за поддршка на опозициските кандидати, кои не беа во можност да влезат на претстојните локални парламентарни избори во септември.
Опозициските политичари ги повикаа своите поддржувачи да излезат на улиците, откако властите го одбија барањето на нивните протести.
Полицијата во Москва ги предупреди демонстратите на нелегалните протести, по што следуваше голема акција против нив.
Официјалните податоци покажуваат дека се приведени 1.074 лица, но припадниците на опозицијата тврдат дека точната бројка на приведени изнесува 1.400 лица.
Лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, беше приведен на 24 јули, но беше хоспитализиран од затворот во неделата на 28. јули поради алергиска реакција.
Неговиот фамилијарен лекар, Анастасија Василјева, изјави дека постои можност тој да бил затруен.
Елдар Казахмедов, консултантски лекар, изјави дека Навални имал симптоми на алергиска реакција, а политичарот беше испитуван и од главниот алерголог имунолог.
„Причините и дијагнозата на болеста остануваат непознати, бидејќи лекарите ги чекаат резултатите од анализата“, додаде тој.