Haydar Şahin
06 Октомври 2022•Ажурирај: 07 Октомври 2022
ТЕХЕРАН (АА) - Над 1.100 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,4 степени што ја погоди северозападната иранска покраина Западен Азербејџан во раните утрински часови вчера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
За иранската државна телевизија, портпаролот на Министерството за здравство, Моџтаба Каледи, изјави дека во земјотресот се повредени 1.127 лица.
Силниот земјотрес го потресе градот Хој кој се наоѓа на 807 километри северозападно од главниот град Техеран.
Според Иранскиот сеизмолошки центар при Универзитетот во Техеран, земјотресот се случил во 3:51 часот по локално време, регистриран е на длабочина од 10 километри, и проследен со над 30 последователни потреси со јачина помала од 4 степени.
„Многу од повредените се примени во локалните болници во покраината“, рече Каледи.
Иран се наоѓа во сеизмички активна зона и претрпе многу катастрофални земјотреси во изминатите години.
Најразорниот земјотрес што ја погоди земјата во поновата историја се случи во 2013 година во градот Бам, во југоисточната покраина Керман, во кој загинаа најмалку 34.000 луѓе. Земјотресот беше со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.
Тој се случи една недела откако земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди истата покраина, иако тогаш немаше информации за жртви или за причинета поголема материјална штета.