Kanyshai Butun
09 Јануари 2026•Ажурирај: 12 Јануари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Повеќе од 300 меѓународни и домашни летови се одложени или откажани на аеродромите во Москва денес поради невообичаено обилните снежни врнежи, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, пренесува Анадолу.
Вкупно 271 лет за пристигнување и заминување се одложени, додека 42 лета се откажани на аеродромите Шереметјево, Домодедово, Внуково и Жуковски, според податоците на аеродромите.
Руската Федерална агенција за воздушен транспорт соопшти дека и покрај лошите временски услови, аеородромите во Москва продолжуваат да примаат и испраќаат летови.
Претходно, Министерството за вонредни ситуации предупреди за обилни врнежи од снег, силни ветрови со налети до 18 метри во секунда, заледеност и снежни наноси на патиштата во Москва до 10 јануари.
Рускиот хидрометеоролошки центар издаде портокалово предупредување за главниот град.