Sayed Khodaberdi Sadat
31 Мај 2019•Ажурирај: 01 Јуни 2019
КАБУЛ (АА) - Четири лица загинаа во бомбашки напад врз воениот конвој на НАТО во Кабул, главниот град на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими, во изјавата за АА, истакна дека воениот конвој на НАТО во областа Јека Тут во Кабул е нападнат со возило натоварено со експлозив.
Според Рахими, при нападот четворица цивили ги загубиле своите животи, а тројца цивили биле повредени.
Рахими, исто така, нагласи дека сè уште не знае дали има убиени или повредени војници на НАТО.
Талибанците, кои ја презедоа одговорноста за нападот, тврдат дека во нападот биле убиени 10 војници на НАТО.