Aybüke İnal
31 Мај 2019•Ажурирај: 31 Мај 2019
АНКАРА (АА) – Турското Министерство за одбрана денеска објави дека во рамките на операцијата „Канџа“, во областа Зап, во Северен Ирак уништени се различни позиции на терористичко-сепаратистичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за национална одбрана на Турција, преку својот твитер-профил соопшти дека во координација со операцијата „Канџа“, спроведени се воздушни операции во областа Зап, северен Ирак.
Како резултат на операциите уништени се позиции, засолништа и складишта за оружје на терористичката ПКК.