Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
СРИНАГАР (АА) - Во бомбашкиот напад врз паравоен конвој во регионот Џаму и Кашмир во Индија, животот го загубија 44 војници, додека 20 војници се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Hindustan Times“, 44 војници загинаа, додека 20 војници се повредени во нападот врз конвојот кој патувал кој градот Сринагар.
Полицискиот службеник Мунеер Ахмед Хан истакна дека автобусот врз кој е извршен нападот е во неупотреблива состојба, а покрај овој автобус, рече тој, оштетени се и 5 возила.
Хан нагласи дека по нападот на местото на настанот биле упатени војници и полицајци, додека повредените биле пренесени во болница.
Според вестите на индиските медиуми, конвојот се состоел од 70 возила, а одговорноста за нападот ја презела организацијата Џејш-и Мухамед.
Индискиот премиер, Нарендра Моди, овој напад го опиша како кукавички.
Индиските власти велат дека овој напад е најкрволочен напад извршен во последните 30 години во Џаму и Кашмир.
Кашмир е област околу која Индија и Пакистан имаат спор од 1947 година, кога овие две земји се стекнаа со независност од Велика Британија.
Индија контролира околу 45 проценти од Кашмир, Пакистан околу 35 и Кина 20 проценти. Индискиот дел се вика Џаму и Кашмир. Делот од Кашмир кој е под контрола на Пакистан има статус на две автономни територии наречени Азад Кашмир („Независен Кашмир“) и Гилгит-Балтистан.