Mahmut Atanur
15 Февруари 2019•Ажурирај: 16 Февруари 2019
ЏАКАРТА (АА) - Во експлозија на рачна бомба во Индонезија животот го загубија 2 деца, додека едно дете е повредено, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на весникот „Република“, 3 деца во селото Џибунгбуланг, при градот Богор, во планинскиот предел нашле рачна бомба и ја донеле дома за да играат.
Во експлозија на бомбата, 10-годишниот Мухамед Мубарек загина на самото место, додека 14-годишниот Мухамед Дони почина во болница.
Властите велат дека 10-годишниот Хајрул Ислами, кој се повреди како резултат на експлозијата, се наоѓа во тешка состојба.
Започната е истрага во врска со овој случај.