Mahmoud Barakat
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
КУНЕЈТРА (АА) - Израелските воздушни сили, синоќа, за цел имаа неколку области кои се наоѓаат под контрола на режимот на Асад во југозападната сириска покраина Кунејтра, објави новинската агенција на режимот, САНА, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Новинската агенција, воздушните сили на Израел испалиле неколку ракети кон воените точки.
Нападите се случиле во околината на селата Хадер Тал Курум и Џаба, во западното рурално подрачје на Кунејтра, во централното подрачје Ал Самданија, и во градот Мадинат ал Бат.
Во нападите е причинета материјална шета, но нема пријавено жртви или повредени.
Во меѓувреме, локалните извори за АА истакнаа дека израелските воздушни сили ги имале за цел позициите на либанската група Хезболах.
Претходно, Израелската армија објави дека за цел имала три воени позиции во Сирија како одговор на дронот лансиран од Сирија, која продре во израелскиот воздушен простор вчера, пред Израел да го собори.