Mahmoud Barakat
08 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - „Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, го информираше Кабинетот дека Армијата се подготвува за можна воена кампања против Појасот Газа кој e под блокада, во случај ситуацијата да не се подобри“, јавуваат израелските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Доколу цивилните немири во Газа не стивнат, а тоа е пожелно, но неизвесно е дали ќе се случи, во тој случај ние се подготвуваме воено. Ова не е празна изјава“, рече Нетанјаху.
Египет и ОН прават заеднички напори за спроведување големи проекти во Газа, особено во секторите за водоснабдувањето, електричната енергија и санитарните услови, со цел да ја спречат можната хуманитарна криза.
Неколку палестински, израелски и меѓународни хуманитарни извештаи предупредија на влошување на хуманитарните услови во Појасот Газа, кој се наоѓа под блокада на Израел уште од 2007 година.
Во 2014 година Израел во Појасот Газа изврши големи воени напади во период од 51 ден, во кои загинаа над 2.300 Палестинци, а десетици илјади беа повредени.
Од почетокот на протестите во март, над 190 Палестинци се убиени, а илјадници се повредени од страна на израелската Армија за време на антиокупациските протести во близина на границата на Појасот Газа.