Zehra Ulucak
15 Септември 2018•Ажурирај: 16 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Напаѓачи облечени во традиционалната маријачи облека на музичари, отвориле оган и убиле 3 лица, а 7-мина раниле, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), заснована врз информации добиени од мексикански безбедносни извори, во подрачјето Плаза Гарибалди, познато по местата за забава во кои се свири маријачи музика, вооружени напаѓачи облечени како маријачи, отвориле оган и убиле 3, а раниле 7 лица.
Во веста се наведува дека напаѓачите од местото на настанот избегале со мотоцикли.
По нападот полицијата презела големи безбедносни мерки.
Плаза Гарибалди се наоѓа во близина на местото Тепито, во кое дејствува наркокартелот Ла Унион.
- Во Мексико не може да се реши безбедносниот проблем
Министерството за внатрешни работи на Мексико во јули издаде соопштение во кое наведува дека во првите 6 месеци од оваа година, изршени се 15.973 убиства, и споредувајќи со истиот период минатата година, забележан е раст од 16 отсто.
Според извештајот за 2017 година, изработен од страна на Народниот совет за јавна безбедност и Кривичниот суд на Мексико, меѓу 10-те најопасни градови во светот, 5 се наоѓаат во Мексико. Бројот на извршени убиства во првите два месеца од минатата година, според податоците од статистиката за криминал, претставува највисоко ниво во последните 20 години.