Ekip
18 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
УАГАДУГУ (АА) - Напад врз луѓе кои биле на пазар е извршен во местото Таурамба, оддалечен 45 километри од градот Дџибло, во северниот дел на Буркина Фасо, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објавени во националниот печат, лице на мотоцикл пукал во луѓето кои се наоѓале на пазар во местото Таурамба. Во веста се наведува дека напаѓачот усмрти 6 лица.
За нападот не се даваат подетални информации. Засега никој не ја преземал одговорноста за нападот.
Според официјалните информации кои ги објави владата на Буркина Фасо, во напади извршени од 2015 година досега животот го загубиле 133 лица.