İdris Okuducu
06 Октомври 2018•Ажурирај: 06 Октомври 2018
МОСУЛ (AA) - Најмалку 4 лица загинаа, а 13 се повредени во терористичките напади на припадниците на ДЕАШ во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Капетанот на ирачката војска, Џамал ал Халиди, за АА потврди дека милитантите на ДЕАШ извеле напад во местото Мазир, јужно од Мосул. За време на упадот во селото Ал-Асадије убиле најмалку тројца цивили.
Другиот напад се случил во Тикрит, во централната ирачка покраина Салахадин. За време на поминување на автобус кој превезувал вработени во нафтената рафинерија во овој регион, дошло до експлозија, а станува збор за експлозивна направа која покрај патот претходно ја поставиле терористите на ДЕАШ.
Потврдено е дека во експлозијата загинал најмалку еден вработен во рафинеријата, додека 10 други се повредени. Во третата експлозија во градот Анбар, зад која, исто така стои ДЕАШ, повредени се најмалку три лица.