Can Erözden
22 Април 2019•Ажурирај: 23 Април 2019
ЖЕНЕВА (АА) - Турскиот Конзулат во швајцарскиот град Цирих денес беше нападнат со Молотови коктели, соопшти турската конзулка во Швајцарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Асије Нурџан Ипекчи за АА изјави дека нападот се случил во 2:51 часот по локално време, и дека во нападот нема повредени и не е причинета материјална штета.
Таа додаде дека врз Конзулатот и претходно имало напади, но за последниот напад никој не презел одговорност.
„Полицијата привела три млади лица во врска со нападот“, истакна Ипекчи, и додаде дека нема дополнителни информации за напаѓачите.
Во текот на последните две и пол години, врз турскиот Конзулат беа извршени шест напади.
Во мај 2017 година, лица со фантомки на главите го вандализираа Конзулатот со боја и напишаа „Убијте го Ергоган“ на блиската автобуска станица и зграда.
Во јануари 2018 година, службено возило на Конзулатот беше запалено.