Lina Altawell
20 Јули 2026•Ажурирано: 20 Јули 2026
Неколку локации во иранскиот град Бушер, во Југозападен Иран, беа нападнати утринава, соопшти гувернерот на градот, а силна експлозија е слушната и во Исфахан, во Централен Иран, јави новинската агенција „Мехр“, пренесува Анадолу.
Гувернерот на Бушер изјави дека обемот на нападите сè уште се разгледува.
„Мехр“ објави и дека експлозија е слушната во градот Исфахан, но точната причина и изворот сè уште не се утврдени.
Ова се случи откако САД го информираа Израел дека планираат да ја интензивираат својата воена кампања против Иран во наредните денови, објави вчера израелскиот јавен сервис КАН.
САД ги ескалираа нападите врз Иран во последните денови, при што Иран возврати со удари насочени кон објекти и бази за кои тврди дека се користат од американската војска во неколку земји во регионот.
До размена на оган меѓу двете земји дојде и покрај меморандумот за разбирање посредуван од Пакистан, кој го потпишаа во јуни за да ја завршат војната и да постигнат траен мировен договор.